Mustafa Melih Ahıshalı
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Иран, Абдуриза Рахмани Фазли и официјално потврди дека актуелниот претседател на Иран, Хасан Рохани победил на вчерашните претседателски избори, освојувајќи 57 отсто од гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Фазли на конференцијата за новинари во Техеран ги објави официјалните резултати од изборите и потврди дека Рохани добил уште еден мандат како претседател на Иран. Министерот Фазли соопшти дека се преброени 99,7 отсто од гласовите.
„Претседателот Рохани освои 23.549.616 од вкупно 41.220.131 важечки гласови, односно 57отсто од вкупниот број гласови. Со тоа го освои вториот мандат на функцијата претседател на Иран, соопшти министерот за внатрешни работи”, соопшти министерот Фазли.
Тој додаде дека претседателот на конзервативното крило Ибрахим Раиси освоил 15.786.449 гласа (38,2 отсто), Мустафа Мирселим 478.215, додека Мустафа Хашимитеба 215.450 гласа.
Право на глас во Иран имаат сите лица со наполнети 18 години, а според податоците на изборната комисија во оваа земја, право на глас на претседателсктие избори имале 56.410.234 регистрирани гласачи.
Реформистот и умерениот конзервативец Хасан Рохани (69) победи на изборите во 2013 година. На тие избори освои 50,7 отсто од гласовите и стана седмиот претседател на Иран. Меѓу ветувањата во предизборната кампања, Рохани вети дека ќе бидат прошитени слободите, ќе биде намалена невработеноста и зајакнување на одржлив развој на земјата.