Servet Günerigök
30 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп повика на одложување на ноемвриските претседателски избори наведуваќи можност за измами кои би можеле да се случат за време на гласењето преку пошта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На социјалната мрежа Твитер, Трамп напиша дека гласањето преку пошта би можело да доведе до измами и неточни резултати.
„Тоа ќе биде голем срам за САД. Одложете ги изборите додека луѓето нема да можат правилно и сигурно да гласаат", напиша Трамп.
Предлогот следуваше по неколку месеци откако Трамп изрази противење поради испраќањето на гласачките ливчиња преку пошта поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), за што рече дека де доведе до наместени избори".
Претседателските избори во САД се планирани за 3 ноември.