Burak Bir
30 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
АТИНА
Грција бара одржување преговори со Турција за прашањето на разграничување на поморските надлежности, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стелиос Пецас, гласноговорникот на грчката Влада, на конференцијата за медиумите во Атина ја нагласи важноста на отворените комуникациски канали со Турција, особено во време на зајакната напнатост, алудирајќи на Егејското море и источниот Медитеран.
Потсети дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис телефонски разговарал со лидерот на грчката страна на Кипар, Никос Анастасиадис за доаѓањето на турскиот брод за сизмички истажувања Барбарос Хајретин Паша на бреговите на турската страна на островот.