Mustafa Keleş
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп предупреди дека би можел да го поништи Договорот за нормализација на односите помеѓу САД и Куба, кој го постигна претседателот во заминување Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп порача дека ќе го поништи договорот на САД со Куба доколку Хавана не направи отстапки за прашањата со човекови права.
Доколку Куба не е подготвена да постигне подобар договор за кубанскиот народ како и за кубанскиот народ кој живее во Америка и САД, договорот ќе се поништи", порача Трамп на Твитер.
Соработниците на Трамп во недела по смртта на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро порачаа дека кубанската влада законски мора да овозможи поголеми слободи за својот народ и како што кажаа, на Американците да им овозможи нешто за возврат доколку сака да ги одржи блиските односи со САД, кои ги иницираше претседателот Обама.
Предупредија дека новата администрација ќе ја ревидира политиката на отворање кон Куба доколку кубанската Влада не го смени својот однос кон човековите права.
Односите помеѓу САД и Куба почнаа да се подобруваат со доаѓањето на Барак Обама на власт кој во март ја посети Куба, што беше прва посета на еден американски претседател на острвот од 1928 година.