Zehra Nur Düz
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Причината за ставање крај на големите воени вежби кои се одржуваат секоја година помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја е да се заштедат пари, истакна американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Причината зошто не сакам воени вежби со Јужна Кореја е да се заштедат стотици милиони долари во корист на САД, пари за кои немаме надомест“, напиша Трамп на Твитер. „Тоа беше мојот став долго пред да станам претседател.“
„Намалувањето на тензиите со Северна Кореја во моментов е добра работа“, напиша Трамп.
Одлуката беше донесена во саботата, по одржувањето на самитот меѓу американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Ханој, Виетнам, кој заврши без постигнување одреден договор.
Познати како „Key Resolve“ и „Foal Eagle“, воените вежби се одржуваат на Корејскиот Полуостров секоја година од март до април.
Вежбата „Foal Eagle“ се одржува од 2011 година, додека „Key Resolve“ од 1976 година.