Dildar Baykan
20 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека има намера состанокот на групата Г-7 да го одржи лице в лице, а не како што е планирано преку видео-конференција поради појавата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од неговиот профил на Твитер, Трамп даде изјава во врска со Самитот на лидерите на Г-7, кој беше планиран да се одржи во кампусот „Камп Дејвид“ во близина на главниот град Вашингтон на 10-12 јуни. Но, поради епидемијата беше одложен и планирано беше да се одржи преку видео-конференција.
Потсетувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) влегуваат во процесот на нормализација, Трамп рече: „Размислувам Самитот на лидерите на Г-7 да го одржам во истиот или приближен некој датум во Вашингтон, во легендарниот „Камп Дејвид“. И другите земји од Г-7 започнаа со процесот на нормализација. Ако состанокот се одржи лице в лице ќе даде голема порака за целата нормализација.“