Servet Günerigök
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер вербално го нападна градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Продолжувајќи ја својата практика на користење на озлогласени извори, Трамп ја сподели објавата на контроверзната екстремно-десничаркска британска медиумска личност Кејт Хопкинс, која го обвинува градоначалникот на Лондон за жртвите во градот.
„На Лондон му е потребен нов градоначалник што е можно побрзо. Кан е катастрофа - ќе стане уште полошо“, напиша Трамп.
Во својата објава Хопкинс напиша дека во период од 20 часа, две лица биле смртно прободени со нож, еден бил смртно застрелан и тројца други биле повредени во Лондон.
„Ова е Лондонистанот на Кан“, изјави таа, користејќи го овој термин за да му наштети на угледот на големата муслиманска популација во главниот британски град.
Според „Би-би-си“ (BBC), полицијата досега извршила 14 апсења кои имаат поврзаност со инцидентите.
Пред државната посета на Трамп на Велика Британија претходно овој месец, Кан, инаку муслиман со пакистанско потекло роден во Британија, го опиша Трамп како како еден од најисклучителните примери за растечката глобална закана и го спореди јазикот што тој го користи со оној на фашистите од 20 век.
Трамп за време на својата посета беше пречекан демонстрации на илјадници демонстранти кои протестираа против неговата посета.
Како одговор на тоа, Трамп го нарече политичарот на Лабуристичката партија, ладен губитник кој треба да се фокусира на криминалот во Лондон, а не на него.
Тој го нападна Кан, велејќи дека многу го потсетува на нивниот глупав и некомпетентен градоначалник на Њујорк, Де Бласио, користејќи го неговиот надворешен изглед како основа за потсмев на неговите ривали.
Де Бласио од Демократската партија ќе се кандидира во претседателската трка во САД, во 2020 година.