Ekipa
21 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ПРАГА (АА) - Бројот на загинати во пожарот кој синоќа избувна во хотел во центарот на Прага се искачи на три лица, откако во текот на ноќта почина лицето кое беше тешко повредено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пожарот синоќа животот го загубија две лица, додека девет лица беа хоспитализирани.
Полицијата соопшти дека загинале германски државјанин роден 1996 година и година дена помлада Јужнокорејка. Засега нема информации за идентитетот на третата жртва.
Хотелот „Eurostars David“ се наоѓа во непосредна близина на реката В’лтава, недалеку од стариот дел на градот.