Zuhal Demirci
02 Јануари 2023•Ажурирај: 05 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - Три лица го загубија својот живот во пожар што избувна во хотел во шкотскиот град Перт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на шкотските медиуми, пожарот избувнал околу 5 часот по локално време во хотелот „Њу каунти“.
Во пожарот загинале 3 лица, и едно куче. Во несреќата се повредени и неколку лица, кои се однесени на лекување.
Советот на локалната самоуправа на Перт и Кинрос преку Твитер објави:
„Нашите мисли се со семејствата и пријателите на трите жртви кои загинаа во пожарот што избувна изутрина во хотелот „Њу каунти“ во Перт“.
Сè уште не е објавено официјално соопштение во врска со причината за избивање на пожарот.