Yusuf Hatip
05 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Бројот на загинатите во несреќата каде што нафтена цистерна се преврте и се запали во Пакистан, се искачи на 212 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните соопштија дека починаа 22 лица од тешко повредените во несреќата што се случи на 25 јуни, во близина на градот Бахавалпур, така што бројот на загинатите се искачи на 212 лица.
Постои загриженост дека ќе се зголеми бројот на загинатите бидејќи состојбата на повеќето од повредените е критична.
Претходно беше соопштено дека до несреќата дошло поради дупната гума на цистерната.
Голем број лица од околните села по превртувањето на цистерната пристигнаа за да ја соберат истечената нафта, и голем број од нив изгореа кога горивото се запали.
Очевидците пренесоа дека пожарот избувнал кога едно лице запалило цигара.
Шест автомобили и 12 мотори изгореа во пожарот што подоцна беше ставен под контрола од страна на пожарникарите.