Islam Uddin
24 Февруари 2026•Ажурирај: 24 Февруари 2026
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку тројца полицајци, меѓу кои и еден висок полициски службеник, загинаа во напад на милитантите во северозападната покраина Хајбер Пактунхва во Пакистан, соопшти официјално лице денес, јавува Анадолу.
Милитантите нападнале полициско возило во областа Кохат во Хајбер Пактунхва, изјави министерот за внатрешни работи Мохсин Накви.
„За време на нападите животот го загубиле заменик-началникот на полицијата (DSP) Асад Мехмуд и други двајца полицајци“, додаде тој.
Во текот на минатата недела, најмалку 16 безбедносни лица, меѓу кои и висок офицер на Армијата, загинаа во судири и операции против милитантите во северозападната покраина Хајбер Пактунхва и југозападната покраина Белуџистан.
Според Армијата, во овие операции и напади беа убиени и 53 милитанти.
Во последниве години, Пакистан доживеа пораст на тероризмот, со бомбашки напади насочени кон безбедносните сили, органите за спроведување на законот и владините објекти во Хајбер Пахтунхва и Белуџистан.