Zeynep Hilal Karyağdı
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Затвореник од опозицијата почина во затвор во Египет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од египетската невладина организација „Џивар“ и Институтот за права и слободи се наведува дека затвореникот Кемал Хабиб Мерзук починал вчера во затворот „Вади ел Џедид“.
Исто така во соопштението се истакнува дека Министерството за внатрешни работи и затворската администрација се одговорни за животот и безбедноста на затворениците.
Детални информации за смртта на Мерзук во соопштението не се наведени.
Мухамед ес-Сагир, поранешен потсекретар на Министерството за фондации, на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека Мерзук починал во затвор.
На социјалните мрежи во Египет се споделуваа фотографии од Мерзук со обвинувања дека починал поради медицинска небрежност.
Од египетските власти сѐ уште нема информација во врска со смртта на Мерзук.