Aykut Karadağ
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
КАБУЛ
Неколку илјади луѓе, откако талибанците ја презедоа контролата во Кабул, Авганистан, во близина на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чекаат на евакуација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Децата се меѓу најголемите жртви на ситуацијата во која цивилите се изложени на температури поголеми од 35 степени, жед и општ метеж.

Децата често си играат без да обратат внимание на метежот, а многу од нив се изложени на ризик да бидат прегазени за време на стампедото на аеродромот.
Војниците на Вооружените сили на Република Турција им пружаат помош на цивилите, вклучувајќи ги и децата, кои чекаат евакуација на контролните точки на аеродромот.
