Ayşe Aktaş
11 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ТРЕНТОН (AA) - Канадскиот премиер Џастин Трудо и министерката за надворешни работи и државната министерка задолжена за работа на Претседателството на Мјанмар Аунг Сан Суу Кји разговараа за кризата во Аракан, јавува Anadolu Agency(AA).
Специјалниот претставник на Канада за Мјанмар Боб Рае изјави дека главна тема на разговорите со Кји била злосторствата над Рохинџа муслиманите во Аракан, како и дека во текот на разговорите истакнал колку е ужаснат со случувањата во мјанмарскиот регион.
Рае додаде дека главна тема на разговорите со Кји беше злосторствата над Рохинџа муслиманите во Аракан, како и дека во текот на разговорите истакнал колку е ужаснат со случувањата во мјанмарскиот регион.
Рече дека за прашањето на Аракан во наредните денови ќе стане збор и во Советот за безбедност на ОН.
Араканските муслимани, Рохинџи, веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а од 25 август се соочуваат со нов брат на насилство во мјанмарскиот регион Аракан.
Во нападите кои во Аракан ги извршува мјанмарската војска, под изговор за борба против вооружени милитанти, од 25 август страдаа повеќе илјадници луѓе. Поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез во спомнатото подрачје, невозможно е да се утврди точната бројка на жртвите.
Во нападите кои прераснаа во етничко чистење запалени се околу 300 села, а во Бангладеш од Аракан пребегнаа повеќе од 600.000 муслимани. Илјадници од нив и понатаму бараат начини како да пребегаат во Бангладеш.
Шефот на бангладешката дипломатија Абул Хасан Махмуд претходно изјави дека најмалку 3.000 муслимани се убиени.