Muhammed Enes Çallı
14 Септември 2023•Ажурирај: 15 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес телефонски разговараа за односите меѓу Туркије и Европската Унија (ЕУ), соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.
Вархеји неодамна престојуваше во тридневна посета на Туркије, при што се сретна со високи претставници, меѓу кои и со министерот Фидан, во чии рамки се разговараше за сите димензии на односите меѓу Туркије и ЕУ.