Rüveyda Mina Meral
24 Мај 2025•Ажурирај: 25 Мај 2025
ИСТАНБУЛ – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заедно со сопругата Емине го посети 7. Фестивал на етноспортска култура што се одржува на аеродромот Ататурк во Истанбул, известува Анадолу.
На фестивалот, кој ги промовира традиционалните спортски и културни вредности, е организиран од страна на Светската етноспортска унија, присуствуваше и претседателот на Унијата, Билал Ердоган.
Фестивалот на етноспортска култура ги зближува учесниците од различни земји и нуди бројни активности, вклучувајќи демонстрации на традиционални боречки вештини, јавање коњи, стреличарство, игри и занаети, со што придонесува за зачувување на нематеријалното културно наследство.
Се очекува фестивалот да привлече десетици илјади посетители од Турција и од странство.