Zafer Fatih Beyaz
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе допатува во Азербејџан, со цел да учествува на Церемонијата на парадата на победа која ќе се организира на 10 декември во азербејџанскиот главен град Баку, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се наведува дека по покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, Ердоган на 9 и 10 декември ќе реализира официјална посета на Азербејџан.
Во овие рамки ќе се организира церемонија по повод ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација во рамки на операцијата која Азербејџан ја започна на 27 септември, и по повод прославување на оваа победа.
Ердоган во рамки на посетата ќе учествива на Церемонијата на парадата на победа која ќе се организира по овој повод на 10 декември во Баку.
На средбите кои ќе се реализираат во рамки на посетата, ќе се разговара за заедничките чекори кои може да се направат со цел следење на праведната кауза на Азербејџан на меѓународните платформи, како и за новите можности во насока на уште повеќе зајакнување на постоечката соработка меѓу двете братски земји.
Исто така, во рамки на посетата ќе се разменуваат мислења во врска со актуелните меѓународни и регионални случувања, додека се предвидува да бидат потпишани разни договори кои ќе даваат важни придонеси во билатералните односи.