Mohamed Sabry Emam Muhammed
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Терористичката ДАЕШ денес тврди дека соборила воен авион на сирискиот режим во источна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Амак поврзана со ДАЕШ, јавува дека авионот бил соборен од страна на милитантите на ДАЕШ во источната покраина Деир ал-Зур.
Новинската агенција САНА објави дека авионот бил соборен за време на борбена операција против ДАЕШ, при што пилотот загинал.
Над 60 режимски војници наводно загинале, а голем број биле повредени во воздушни напади на коалицијата преводена од САД врз силите на сирискиот режим во Деир ал-Зур.
Сирија претрпе големи загуби во последните пет години откако владата на Башар ал-Асад насилно ги потисна мирните протести против неговото владеење, започнувајќи серија насилства во кои загинаа стотици илјади лица а милиони се отселија.