Sefa Şahin
01 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот товарен авион кој е испратен да ги евакуира државјаните на Турција и на уште неколку земји, стигна на аеродромот во Вухан, во Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Планирано е да бидат евакуирани најмалку 30 државјани на Турција и на уште неколку други земји.
Од Министерстството за одбрана на Република Турција, потврдено е дека авионот слета во Кина.
„Авионот на Вооружените сили на Република Турција кој од Анкара полета за да ги евакуира државјаните на Турција и државјаните пријателските земји, стигна во Вухан, во Кина", се наведува во соопштението.