Ali H. M.Abo Rezeg
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
КАИРО (АА) - Египетскиот национален авиопревозник синоќа соопшти дека од петок ќе ги суспендира сите летови за Ербил, аминистративна престолнина на курдскиот регион во северен Ирак. Вчера и Конзулатот на Републике Турција во Ербил објави дека од петок ќе бидат суспендирани летовите на турските авиокомпании, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Врз основа на барањето на Управата за цивилно воздухопловство на Ирак, сите летови за Ербил ќе бидат суспендирани од петок, 29 септември“, се вели во соопштението на „EgyptAir“.
Египетската компанија моментално има три летови неделно од Каиро за Ербил.
„Генералната дирекција на цивилното воздухопловство на Ирак соопшти дека во петок, 29 септември, од 18:00 часот по локално време ќе бидат сопрени летовите кон аеродромите во Ербил и Сулејманија, а и од тие аеродроми кон Турција“, се наведува на профилот на Твитер на Генералниот конзулат на Турција.
„Во тој случај нема да биде можно „Turkish Airlines“, „AtlasGlobal“ или „Pegasus“ да извршуваат двонасочни летови од нашите земји за Ербил или Сулејманија“, се додава во соопштението.
Вчера, и либанската компанија Middle East Airlines (MEA) објави дека од петок ќе ги сопрат сите летови кон Регионалната курдска управа во северен Ирак.
Овие потези следуваа како последица на растот на тензиите меѓу централната влада во Багдад и Курдската регионална управа во северен Ирак, која и покрај големиот број на предупредувања, на 25 септември одржа нелегитимен референдум за независност.
На нелегитимниот референдум се спротистави меѓународната заедница, а многу земји предупредија дека гласањето би можело додатно да го дестабилизира регионот и да ја ослабне борбата против ДЕАШ, која е во тек.