Kemal Karadağ
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека турските и руските сили ја спровеле 11. заедничка патрола во северозападна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека во рамките на договорот за спроведување заеднички контролни патроли помеѓу Турција и Русија, турските и руските сили ја извршиле 11. копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб со учество на копнените и воздухопловните елементи.
Автопатот М4, исто така познат како патен правец Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Во вторникот беше извршена 10. заедничка патрола.
Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб за прекин на огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување, или по Автопатот М4. Заедничките патроли започнаа на 6 март.