Emel Gözellik
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
АНКАРА
Во латиноамериканската држава Мексико од изминатиот викенд досега поради труење со алкохол животот го загубија 46 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), во мексиканските сојузни држави Пуебла и Морелос од консумирање на фалсификуван алкохол 46 лица починале од труење со метил алкохол.
Во веста се наведува дека според информациите добиени од мексиканските власти, голем број лица се наоѓаат на болничко лекување, и упатиле апел до населението, лицата кои по консумирањето алкохол ќе добијат главоболки и имаат гадење, под итно е потребно да се јават во здравствените институции.
Во тек е истрага во врска со настанот.
Во мексиканската сојузна држава Џалиско од труење со алкохол во април починаа 21 лице.