Muhammed Boztepe
30 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во воздушен напад на турските сили во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на турската Војска е наведено дека воздушните сили денес извршиле напад врз позициите на ПКК во регионот Зап, во северниот дел на Ирак.
Во нападот се неутрализирани најмалку двајца припадници на ПКК, уништено е складиште за муниција и засолништа што ги користеле терористите.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД.