Ahmet Sertan Usul
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во рамки на турската операција „Канџа-Тигар“ во северен Ирак неутрализирани се тројца терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во рамки на операцијата Канџа-Тигар, која продолжува со успех, нашите командоси херои неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.