Ali Cura
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 13.504, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 823.515, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.395 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 823.515.
Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 150 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 13.504.
Во Русија излекувани се уште 8.888 лица, со тоа вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 612.217.
Досега во Русија направени се над 27.300.000 тестирања за Ковид-19, од кои 185.000 во последните 24 часа.