Barış Gündoğan
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА
Турските сили соборија авион макета кој ПКК се обиде да го искористи за да изврши напад во северен Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот макета беше уништен од страна на турските командоси во регионот Метина, се вели во соопштението на Министерството.
Се наведува дека операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ продолжуваат успешно во северен Ирак.
Бидејќи турските командоси продолжуваат да ги уништуваат скривалиштата на терористичката група, терористите се плашат да излезат од своите засолништа, па затоа се обидуваат да извршат напади користејќи модели авиони, соопшти Министерството.
Турција ги започна операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ на 23 април во северните ирачки региони Метина и Авасин-Басјан во близина на нејзините граници.
Терористичката група ПКК често користи бази во северен Ирак веднаш преку јужната граница на Турција за да се сокрие или да планира терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.