Ali Murat Alhas
05 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турското национално Министерство за одбрана денеска соопшти дека два турски и два американски хеликоптери извршиле заеднички лет во регионот источно од реката Еуфрат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено на социјална мрежа се вели дека заедничкиот хеликоптерски лет бил дел од првата фаза имплементации за воспоставување безбедносна зона во регионот.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, претходно изјави дека првиот заеднички извиднички лет бил спроведен со американски хеликоптер на 24 август.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август постигнаа договор дека планираната безбедносна зона во северна Сирија ќе служи како „мировен коридор“ за раселените Сиријци кои сакаат да се вратат дома, и дека ќе се воспостави Заеднички оперативен центар во Турција за координирање на коридорот.
Турција смета дека воспоставувањето на безбедносната зона во северна Сирија е значајно. Анкара се стреми кон отстранување на терористичките елементи на ЈПГ, кој е сириски огранок на терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Турција во моментот е дом на над 3,6 милиони раселени Сиријци.
Турскиот претседател денеска изјави дека Турција има за цел да насели најмалку 1 милион Сиријци кои ги прими од 2011 година во планираната безбедносна зона долж турската граница со Сирија.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.