Behçet Alkan
15 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
Со снежна покривка е покриена Кападокија, која е една од најпознатите туристички дестинации во Турција, во која се комбинирани убавините на природата и историјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кападокија се наоѓа на листата на УНЕСКО за светски наследства.
Туристите го искористија времето за да уживаат во снегот и да се фотографираат.
Селчук Мизик, кој со своите пријатели дошол од Франција за да го посети ова место, во изјава за АА истакна дека Кападокија е пофасцинантна од тоа што се гледа на фотографии.
„Пејзажот со снег е многу убав. За жал, балоните со топол воздух не полетаа поради временските услови, но учествувавме во други активности“, рече Мизик.
Мариа Албусаиди, туристка од САД, рече дека била фасцинирана од природните убавини на Кападокија, за која рече дека ја посетува прв пат.
Меѓу другото, Ехаб Маволи, турист од Пакистан, нагласи дека е среќен што се наоѓа на овој локалитет.