Selen Temizer,Levent Tok,Adham Kako
25 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
АНКАРА
Екипа
Во безбедносната зона што ја предложи Турција, која се простира во должина од 480 километри, може да се сместат 3 милиони Сиријци, пишува Anadolu Agency (AA).
Безбедносната зона за која говореше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на вчерашното Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) ќе се простира по должината на границата на Турција.
Подрачјето во длабочина од 30 километри ќе ги вклучи населените места Џарабулус, Мунбич, Ајн ел Араб (Кобани), Тел Абјад, Сулук, Расулајн, Дарбасије, Амуд, Камишли и Маликије.
Освен Џарабулус, кој беше исчистен од терористи во операцијата на турските сили „Штитот на Еуфрат“, сите други територии се окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК.

- Ако патот М4 влезе во рамките на безбедносната зона, ќе се осигура безбедноста на цивилите
Границата на безбедносната зона ја сочинува патниот правец М4, кој источна Сирија ја поврзува со западна Сирија.
М4 е вклучен во безбедносната зона, со цел да се спречи терористичката ЈПГ/ПКК да има приод до регионот и да спроведува вооружени активности.
ЈПГ/ПКК моментално тој патен правец го користи за логистика и комерцијални активности.
- Во првата фаза ќе се населат 1 или 2 милиони, а понатаму и 3 милиони Сиријци
Во својот говор во ОН, турскиот претседател Ердоган рече дека целта е во првата фаза, во безбедносната област што ќе се воспостави да се сместат 1-2 милиони Сиријци.
Ердоган, исто така рече дека во случај длабочината на безбедносната зона да се сведе до линијата Рака - Деир ез Зор, тогаш ќе може да се населат 3 милиони Сиријци кои ќе се вратат од Турција, Европа и од други делови на светот.
За време на граѓанската војна во Сирија која трае повеќе од 8 години, 5 милиони 642 илјади цивили имаат статус на бегалци. Од нив, над 3 милиони 660 илјади се засолнети во Турција.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК има окупирано една третина од Сирија, а во близина на границата со Турција има окупирано три четвртини од областа.