Rabia İclal Turan
13 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
ЗОНГУЛДАК (АА) - Турските безбедносни сили денеска уапсија девет осомничени лица, меѓу кои и две жени, поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во 2016 година, изјави безбедносен извор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека осомничените се обвинети дека ја користеле шифрираната апликација за размена на пораки „БајЛок“ и дека биле членови на работничкиот синдикат поврзан со ФЕТО.
Во рамките на истрагата која ја воделе обвинителите во црноморската област Зонгулдак, деветмина осомничени, меѓу кои и поранешни полицајци, вработени во приватниот сектор и наставници, се уапсени во Зонгулдак, Чорум, Кутахја и Бартин.
Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција, во ноќта, на 15 јули 2016 година.
Припадниците на оваа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Претходно, првин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.