Sarp Özer
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АФРИН (AA) - САРП ОЗЕР -
Продолжуваат напорите за нормализирање на животот во Африн, кој е исчистен од терористите со операцијата „Маслинова гранка“. Терористите пред да избегаат од регионот, направија големи штети во Африн и на браната на езерото Мејданки, од која подрачјето на Азаз се снабдува со вода. Овој проблем ќе биде решен од екипи од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува операцијата во подрачјето на Африн, започната на 20 јануари од Турските вооружени сили, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, и спас на братскиот и пријателски народ од суровоста и угнетувањето од страна на терористите во регионот.
По расчистувањето на Африн од терористите, продолжуваат напорите за враќање на нормалниот живот во градот. Во тек се и активности за решавање на проблемите во инфраструктурата што ги направија терористите, а хуманитарните агенции дистрибуираат помош во регионот.
Тимот на турската Државна управа за вода пристигна да го реши проблемот со браната Мејданки која беше oштетена од терористите пред да избегаат од Африн, а од која се снабдуваат со вода Африн и Азаз. Се истакнува дека проблемот наскоро ќе биде решен, а штетите предизвикани од терористите во округот ќе бидат отстранети.