Adem Şalvarcıoğlu
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ПЕКИНГ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, упати апел до Кина, Русија и Соединетите Американски Држави (САД) за спречување на трговската војна со цел да не му наштети на глобалниот поредок, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск во својот говор на самитот во Пекинг, побара од Кина, Русија и САД да соработуваат заедно со Европа со цел да се спречи трговската војна, и за да не се случи конфликт и хаос.
Туск нагласи дека свесни се за фактот оти глобалниот поредок е променет, и рече дека постојат заеднички обврски за подобрување на оваа состојба.
Според него, повторното обликување на меѓународните трговски правила, со цел да не му се наштети на глобалниот поредок, е една заедничка задача на Европа, Кина, САД и на Русија.
Тој истакна дека сè уште има време да се избегне хаос и конфликт.
„Покрај Кина, упатувам апел и до Трамп и Путин да дадат придонес во овој процес“, додаде Туск.