Kemal Zorlak
19 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
КИЕВ (АА) - Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и едно дете, во нападот на руската Војска на подрачјето на украинскиот град Одеса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските региони, а денес беше извршен ракетен напад врз местото наречено Дачноје, во близина на Одеса.
Во нападот е уништена инфраструктурата, уништени се голем број станбени згради, а според информациите што ги доби новинарот на АА, најмалку шест лица се ранети, меѓу кои и едно дете.
Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 5.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари.
Над 15 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од 8,4 милиони Украинци кои побегнаа во други земји.