Burç Eruygur
27 Ноември 2022•Ажурирај: 28 Ноември 2022
КИЕВ (АА) – Најмалку пет лица загинаа, а четири се повредени за време на руските напади во источната украинска област Доњецк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Русите на 26 ноември убија пет цивили во Доњецката Област: тројца во Ридкодуб, еден во Часив Јар и еден во Бахмут. Уште четири лица во регионот се повредени“, напиша гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, утрово на платформата Телеграм.
Кириленко истакна дека во моментот е невозможно да се утврди точниот број на повредени во окрузите Мариупол и Волноваха.
Војната на Русија против Украина, што Москва ја нарекува „специјална воена операција“, влезе во деветтиот месец.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), во Украина од февруари досега загинале 6.595 цивили, а 10.189 се повредени.