Fuat Kabakcı
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
АНКАРА
Украина соопшти дека заробила двајца руски војници по воената интервенција на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Украинската амбасада во Анкара, двајца руски војници се заробени заедно со оружјето околу главниот град на земјата, Киев.
На социјалните мрежи споделени се инсерти од заробени војници и запленето оружје.
Рускиот претседател Владимир Путин утринава соопшти дека започнале специјална воена операција во Донбас, источна Украина.