Emre Gürkan Abay
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
МОСКВА
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека можат да се сретнат со украинската администрација под „одредени услови“, кои се однесуваат на прашањето на неутралноста и одбивањето на распоредување оружје. Доколку украинската администрација е подготвена да разговара за тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите во главниот град Москва, Песков се осврна на воената интервенција на Русија во Украина.
Нагласувајќи дека за времетраењето на воената операција ќе одлучи рускиот претседател Владимир Путин, Песков рече: „Путин целите ги дефинира како разоружување и откажување на Украина од нацизмот. И двете претставуваат закана за нашата земја и нашиот народ. Временската рамка ќе зависи од резултатите и напредокот, и ќе биде дефинирана од Путин.“
На новинарско прашање дали се подготвени да стапат во контакт со украинската администрација, Дмитриј Песков рече: „Путин ја формулира својата визија за тоа што можеме да очекуваме од Украина за да ги реши прашањата што се наша црвена линија. Овие услови се однесува на прашањето за неутралноста и одбивањето на распоредување оружје. Доколку украинската администрација е подготвена да разговара за тоа.“
Осврнувајќи се на падот на вредноста на руските пазари и рубљата со почетокот на воената операција против Украина, Песков рече: „Емоционалната реакција на пазарите беше веќе предвидена и преземени се сите неопходни мерки времето за реакција да биде што пократко.“
Песков изјави дека Путин денеска ќе се сретне со високи раководители на компании во Русија.