Ruslan Rehimov
16 Април 2022•Ажурирај: 17 Април 2022
КИЕВ (АА) - Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека руските сили го бомбардирале главниот град на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Утрово беше бомбардиран Киев. Дојде до експлозии во округот Дарницки на периферијата на градот. На местата на експлозиите моментално се наоѓаат спасувачките екипи и екипите на брзата помош. Собираме информации за последиците“, наведе Кличко во пораката на Телеграм.
Тој ги советуваше жителите на Киев да внимаваат на предупредувањата за можни воздушни напади.
„На граѓаните кои го напуштија градот им советуваме сè уште да не се враќаат и да останат во побезбедни подрачја“, порача Кличко.