Meiramgul Kussainova
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украина соопшти дека Русија продолжува со ракетните напади од границата со Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено на Фејсбук профилот на Генералштабот се наведува дека денес е 12-ти ден херојскиот отпор на украинскиот народ против Русија.
Нагласувајќи дека руските сили од полноќ фрлаат ракети, бомби врз украинските населби, во соопштението се вели: „Окупаторите продолжуваат да го користат белорускиот воздушен простор за воздушни напади врз Украина.“
Меѓу другото во соопштението се наведува дека украинската армија извршила одбранбени операции во сите правци за да го запре напредувањето на руските војници и дека на теренот руските сили продолжиле да трпат големи загуби.
Украинскиот Генералштаб објави дека повеќе од 11.000 руски војници ги загубиле животите во војната меѓу Украина и Русија од 24 февруари. Дополнително, неутрализирани се 46 авиони, 68 хеликоптери, 290 тенкови, 999 оклопни возила, 117 артилериски системи, 454 возила, 60 цистерни со гориво и 7 беспилотни летала.