Ruslan Rehimov
04 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Висок руски воен офицер е убиен во северниот украински град Чернихив, изјави денеска украински официјален претставник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на Фејсбук објави дека Андреј Суховецки, заменик-командант на 41. Комбинирана армија на Централниот воен округ, е убиен.
Тој рече дека рускиот напад врз Украина е „крвава авантура што ќе ја уништи Русија доколку веднаш не престане“.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, беше дочекана со гнев од меѓународната јавност, при што Европската Унија, Соединетите Американски Држави и Велика Британија, меѓу другото, воведоа и строги финансиски санкции кон Москва.
Според Агенцијата на ОН за бегалци, Украина досега ја напуштиле над 1,2 милиони луѓе кои пребегале во соседните земји.
Според податоците на ОН, 249 цивили се убиени, а 553 се повредени во Украина од почетокот на руските напади на 24 февруари. Украинските власти, сепак, соопштија дека бројот на загинати е над 2.000.
Во вториот круг од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кој се одржа вчера, двете страни се договорија за создавање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.