Talha Yavuz
06 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека НАТО е единствениот пат да се стави крај на војната во Донбас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Kабинетот на Претседателот, Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во телефонскиот разговор се осврнале на зголемената напнатост во Донбас и мобилноста на руската Армија на границите на Украина.
Зеленски, исто така, ги повикува земјите членки на НАТО да го зголемат своето присуство во Црното Море.
Наведувајќи дека се решени да го реформираат армискиот и одбранбениот сектор, Зеленски рече: „Само реформите нема да ја запрат Русија. НАТО е единствениот пат да се стави крај на војната во Донбас.“
- Напнатост на украинско-руската граница -
Во својот говор пред Парламентот на 30 март, украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, соопшти дека Руските вооружени сили испратиле трупи на границите на Украина под изговор дека ќе бидат реализирани воени вежби.
Во врска со решавањето на кризата во регионот Донбас, Трилатералната контакт група, составена од Русија, Украина и ОБСЕ, донесе сеопфатна одлука за прекин на огнот заклучно со 27 јули 2020 година.
Од 2014 година досега, над 13.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот.