Nour Mahd Ali Abu Aisha,Afra Aksoy
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
ГАЗА (АА) - Во Газа вчера се одржа „Уличен карневал“, а улиците на споменатиот палестински град беа преплавени со бројни граѓани, претежно деца, облечени во костими и маски, јавува Anadolu Agency (AA).
Карневалот е одржан со поддршка на Европската Унија, а организатори беа здруженијата од Газа „Млади без граници“ и „Палестинска визија“.

Многу ученици беа облечени во костими на лавови, птици, мечки и кловнови, со што го привлекоа вниманието на граѓаните што ја следеа карневалската парада.
Мухамед Ебу Руџејле, еден од организаторите на карневалот, изјави дека со овој настан сакале на граѓаните да им ја претстават европската и палестинската култура.
Тој додаде дека луѓето во Газа немаат можност често да гледаат карневал на кој е претставена разновидноста на европската култура.
Во рамките на карневалот е поставена и изложба под името „Уличен музеј“, која се состои од 24 дела на палестинските и европските уметници.