Ali Murat Alhas
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ГАЗА (АА) - Челникот на палестинското движење на отпорот, Исламски џихад, ги повика израелските власти да ја прекинат повеќегодишната блокада на Газа во екот на борбата против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
Генералниот секретар на движењето, Заид Накија, предупреди дека Израел мора да избере дали ќе ја укине блокадата на Газа и ќе ги ослободи палестинските затвореници или пак да се соочи со погубните последици на пандемијата на Ковид-19.
Тој, исто така, ги повика палестинските власти да заземат поостар став кон израелските власти, кои со блокадата на Газа го прават животот невозможен, особено во екот на пандемијата.
Израел наметна блокада над Газа од 2006 година, а станува збор за палестинска енклава со околу два милиони жители.
Досега во Газа потврдени се 12 лица заразени со коронавирусот.
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.
Податоците покажуваат дека во светот има над 1,2 милиони потврдени случаи на вирусот, над 69.400 починати и над 263.000 излекувани лица.