Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
МАЗАТЛАН (АА) - Ураганот Вила, откако го погоди крајбрежното подрачје и рибарските села во близина на брегот во сојузната мексиканска држава Синалоа, се движи кон внатрешните делови на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани официјални претставници истакнаа дека брзината на ураганот, кој ослабел на категорија три, изнесувала 195 километри на час, и дека продолжува да слабее како што се движи кон внатрешноста.
Ураганот во текот на ноќта го погоди крајбрежниот појас, а размерите на материјална штета сè уште не се утврдени поради прекинот во напојување со електрична енергија, а со самото тоа е отежната и комуникацијата.
Американскиот Национален центар за урагани предупреди дека Вила може да предизвика сериозни врнежи во подрачјата на Халиско, Најарит и Синалоа? Sinalo.
Екипите за вонредни ситуации од местата на брегот евакуираа 4.250 лица.