свет

Шестмина Палестинци загинаа во израелски воздушни напади врз домови во Газа

Медицински извори за Анадолу потврдија дека израелски извидувачки проектил погодил куќа во близина на гробиштата Ал-Касам во бегалскиот камп Нусејрат, при што загинало едно лице

Ikrame Imane Kouachi  | 29.09.2024 - Обновена : 29.09.2024
Шестмина Палестинци загинаа во израелски воздушни напади врз домови во Газа

ГАЗА (АА) - Шест Палестинци загинаа, а повеќемина се повредени во денешните израелски воздушни напади врз станбени куќи во повеќе области низ Појасот Газа, јавува Анадолу.

Медицински извори за Анадолу потврдија дека израелски извидувачки проектил погодил куќа во близина на гробиштата Ал-Касам во бегалскиот камп Нусејрат, при што загинало едно лице.

Очевидци за Анадолу изјавија дека „неколку цивили се повредени во израелски воздушен напад врз семејната куќа на семејството Кашлан во подрачјето Њу Камп, северно од Нусејрат“.

Повредени лица има и во нападот на израелските сили врз куќа близу раскрсницата Ал-Гафари на улицата Ал-Џала во градот Газа.

Во централна Газа, израелски воени авиони нападнаа и дом во областа Ал-Машала во Деир ал-Балах.

Во меѓувреме, Цивилната одбрана на Газа соопшти дека „двајца загинати се извлечени од домот на семејството Абу Наср откако во израелските напади е погодена областа во близина на болницата Камал Адван во северна Газа“.

Медицински извори од Баптистичката болница во градот Газа дополнително потврдија дека „тројца Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети откако во израелски воздушен напад е погоден стан во близина на раскрсницата Ал-Шаабија во централна Газа“.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на 7 октомври минатата година од страна на палестинската група на отпорот Хамас.

Оттогаш во израелската офанзива убиени се речиси 40.600 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 96.200, според локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што се засолнија повеќе од 1 милион Палестинци пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın