Burç Eruygur
02 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во телефонски разговор со украинскиот претседател, Владимир Зеленски, ја повтори поддршката на Европската Унија за Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во мојот прв разговор за новата година со претседателот Владимир Зеленски, ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби на украинскиот народ за 2023 година“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Ветувајќи дека ЕУ ќе стои на страната на Украина сè додека е потребно, Фон дер Лајен рече дека Брисел го поддржува Киев во неговата војна со Русија, опишувајќи го конфликтот како борба за слобода и против бруталната агресија.
„Ве поддржуваме во текот на оваа зима со генератори, засолништа, училишни автобуси и ја продолжуваме нашата силна финансиска поддршка. Наскоро ќе започнеме со исплата на нашиот пакет за поддршка од 18 милијарди евра (19,2 милијарди долари) во месечни транши“, наведе Фон дер Лајен.
Одговарајќи на Телеграм, Зеленски ѝ се заблагодари на Фон дер Лајен за непоколебливата поддршка на ЕУ за Киев.
„Во јануари ја чекаме првата транша од макрофинансиската помош, првата серија штедливи светилки, училишни автобуси, генератори и модуларни куќи. Ги координиравме чекорите на самитот ЕУ - Украина. Ја чувствуваме поддршката и заедно одиме кон победата“, рече Зеленски.