Burç Eruygur
02 Јануари 2023•Ажурирај: 03 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Во украински ракетни напади во областа во источна Украина каде што се распоредени руските трупи загинаа најмалку 63 војници, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ракетите се лансирани од шест системи ХИМАРС од американско производство на точката на привремено распоредување во близина на градот Макиивка во регионот Доњецк“, се наведува во соопштението.
Се нагласува дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле две од ракетите.
„На роднините и пријателите на загинатите војници ќе им биде пружена сета потребна помош и поддршка“, се вели понатаму во соопштението.
„Нападите се случија откако најмалку 22 беспилотни летала беа соборени над главниот град на Украина во текот на денот, откако беше објавена тревога за воздушни напади во повеќе региони на земјата“, соопшти воената управа на Киев.