Mazin Majeed Asaad Baqal
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
БАГДАД (AA) - Гувернерот на Багдад, Фалах ал-Џазаири, поднесе оставка на таа функција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната ирачка телевизија јавува дека Собранието на Багдад едногласно ја прифатило оставката на Ал-Џазаири и дека во наредните пет дена ќе ги прима имињата на кандидатите за негов наследник.
Оставката на гувернерот на Багдад е поднесена и одобрена во екот на масовните антивладини протести, кои од почетокот на неделата се одржуваат во Багдад и во јужните ирачки градови.
Масовните антивладини протести во Ирак почнаа во вторникот, а досега во нередите на улиците животот го загубија најмалку стотина, а повредени се повеќе од 2.500 лица.
Владата вчера започна преговори со демонстрантите, кои бараат оставка од премиерот Адел Абдул-Мехди, подобрување на животниот стандард и завршување на корупцијата во Ирак.