Alma Çekovic
26 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Околу осум илјади француски евреи до крајот на 2015 година би требало да ја напуштат Франција, соопшти Министерството за миграција на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на ова министерство во изјава за агенцијата "France-Presse" кажа дека станува збор за "незапаметен рекорд" на заминување на евреите од Франција, во која живеат помеѓу 500.000 и 600.000 припадници на оваа заедница, што претставува најголема еврејска заедница во Европа и трета во светот, по Израел и САД.
По нападот на продавницата за кошер производи во Париз во јануари оваа година, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху ги повика евреите од Франција и Европа да се преселат во Изарел.
Причините за заминување на евреите се јакнењето на физичката несигурност и неизвесноста на економски план, наведе гласноговорникот на оваа институција, Ави Мајер.
"Силните и долгоогдишни врски помеѓу француските евреи и еврејската држава како и чувството дека Израел ќе им пружи можност за подобра иднина доведе до тоа да го изберат Израел", рече Мајер.
Според податоците на Еврејската заедница за Израел, оваа година во таа земја се населиле 30.000 евреи, најмногу во последните 15 години.