Ekipa
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Полицијата на Париз објави дека 109 лица се наоѓаат во притвор по протестите во главниот француски град за 1 Мај против претседателот Емануел Макрон, кои прераснаа во насилство, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на вчерашните демонстрации се запалени автомобили, уништен е ресторан на „Мекдоналдс“ (McDonalds) и е забележан вандализам во продавниците за возила.
Денес се притворени осомничените за кривични дела кои вклучуваат и носење забрането оружје што истрелува проектили. Од полицијата додаваат дека за време на протестите се повредени неколку луѓе.
Мишел Делпеш, шефот на полицијата на Париз, изјави дека насилството го вршеле маскирани напаѓачи од анархистичката група „Black Bloc“, која има околу 1.200 членови.
Делпеш додаде дека „желбата на радикалната група била да се создаде ден надвор од контрола“.