Emre Gürkan Abay
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
МОСКВА (АА) – Олег Тинков, познат руски бизнисмен и основач на големата руска банка Тинкоф, изјави дека ситуацијата во Украина е неприфатлива и дека се противи на војната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тинков во објавата на Инстаграм вели дека неговата фондација се стреми кон спасување животи преку борбата со леукемијата.
Тинков, кој исто така се бореше со ракот, нагласи: „Самиот видов колку е кревок животот. Сега во Украина секојдневно умираат невини луѓе, ова е неприфатливо“.
„Ние сме против оваа војна“, додаде тој, истанувајќи дека државите треба да ги употребат своите пари за да ги лекуваат луѓето, а не да војуваат.
Претходно, руските милијардери Михаил Фридман и Олег Дерипаска повикаа на мир, противејќи се на руските напади врз Украина.